Thursday, October 28, 2010

Нумерирање на страниците

Страниците на документот во Word се нумерираат со наредбата:
Insert - Page Numbers. При тоа ќе ви се отвори следниот прозорец:


Во него во делот Position има две опции: top of page - за поставување на бројот на врвот на страницата и bottom of page - за поставување на бројот на дното на страницата.
Во делот alignment - се одредува Left - лево, center - на средина и right - десно поставување на бројот.
Доколку не сакаме други подесувања овде можеме да кликнеме OK.
Доколку сакаме нумерирањето да започне од број поголем од 1 тогаш кликаме на format. Се отвара прозорец на кој во start at пишуваме од кој број сакаме да започне нумерирањето.

No comments:

Post a Comment