Sunday, September 12, 2010

Историски развој на компјутерите

Прв електронски компјутер бил компјутерот од 1946 година, конструиран на Унервезитетот во Пенсилванија, познат под името ENIAC (Electronic Numeral Integrator and Calculator) - електронски нумерички интегратор и клакулатор. Во него конструкторите Џон Мокли и Преспер Екерт вградиле 18000 електронски ламби. EINAC бил огромна машина што зафаќала околу 150 кладратни метри површина и тежел 30 тони.
Со EINAC започнува Првата Генерација компјутери која траела до 1959 година. Голем недостаток на компјутерите бил загревањето на електронските ламби. Тоа барало дополнители уреди за ладење. Брзината на тие комјутери била мала имале и мала меморија, а за паметење на податоците се користела дупчена хартиена картичка.

- Периодот од 1959 со 1964 година е познат како втора генерација компјутери. Компјутерите од оваа генерација се изградени врз база на транзистор. Тоа е електронски елемент што може да ја извршува истата функција како електронската ламба, само што е многу помал, троши помала енергија и помалку се загрева, а е многу побрз од неа. Оттаму и произлегуваат карактеристиките на компјутерите: имале мали димензии, поголема брзина на пресметување, а за памтење на податоците се користела магнена лента.
Пронајдокот на интегралните кола довел до појава на трета генерација компјутери, која што траела од 1964 до 1969 година. Интегралното коло содржи еквивалент од неколку стотини транзистори на минијаурно парче материјал. Тоа придонесело димензиите на овие компјутери многу да се намалат и затоа ги нарекле мини компјутери, Нивата брзина се зголемила, цената им отпаднала и примената се проширила во многу области од човековата дејност.
Во седумдесеттите години се јавува мал тенок слој силициум т.н чип, на кој може да се „отпечати“ комплетно интегрално коло. Појавата на чипот ќе доведе до Четвртата генерација компјутери.

-
Четвртата генерација компјутери започнала во 1970 година. Во 1975 година е направен првиот персонален компјутер. Затоа оваа генерација е наречена и генерација на персонални компјутери (од анг. Personal Computer - PC). Името го добиле бидејќи се наменети за работа на едно лице.
Поради малите димензии, големите можности, масовното произведување и ниските цени, употребата на персонални доживува невидени размери. Со нив може да се комуницира со кој било компјутер во светот, преку посебни компјутерски мрежи.
- Денеска се користат и компјутери од т.н Петта генерација на компјутери, кои имаат способност за паралелна работа.
- Исто така се развива и Шесттата генерација компјутери т.н невронски компјутери, чија работа е слична со работата на невроните во човечкиот мозок.

No comments:

Post a Comment