Monday, September 13, 2010

Час: Кратка историја на компјутерите. Компјутерите некогаш и сега



Денес учевме за историскиот развој на компјутерите. Најпрво разговаравме со учениците за првите помагала за пресметување - камчиња, дрвца и абакусот.
Потоа на учениците им ги презентирав механичките машини за пресметување - Паскалина, електромеханичките - Машината изработена за обработка на податоците од пописот во Америка, и првите електронски уреди за пресметување - првите компјутери.

Потоа учениците се запознаа со генерациите на компјутери и карактеристиките на компјутерите за секоја генерација. Преку слики учениците воодушевено ги совладуваа новите содржини кои се покажаа како мошне интересни за нив.
На вториот час имавме активност - илустрација на секоја компјутерска генерација. Учениците ги поделив во 4 групи и секоја група имаше задача да илустрира по една генерација на компјутери. При тоа на хамер требаше да стават слика од основниот градбен елемент на компјутерите од соодветната генерација, слика од компјутер и да ги наведат основните карактеристики на компјутерите од таа генерација. Сликите веќе ми беа подготвени и отпечатени.
Најпрво учениците требаше да ги групираат сликите според тоа од која генерација на компјутери ги претставуваат. Целта ми беше преку визуелизација да ги совладаат содржините водена од фактот што некои деца подобро учат преку фотографии. Потоа учениците сликите ги ставија на хамерите и ги пополнија со се што се бараше од нив.

На крајот хамерите ги залепивме на таблата еден до друг. Така учениците имаа можност да ги споредат компјутерите од различните генерации и да видат како се развивал компјутерот се до денес.

No comments:

Post a Comment