Tuesday, November 8, 2016

Проверка на знаењата 09.11.2016

loading...
Домашна задача за 6 одд - 27.10.2016


loading...

Monday, October 24, 2016

Домашна задача 25.10.2016

Saturday, October 30, 2010

Наставни планови и програми

Наставата по предметите Информатика и Проекти по информатика се реализира според наставните планови и програми дадени од Министерството за образование и наука.
Може да се преземат подолу.

Информатика 5 одд.
Информатика 6 одд.
Проекти по информатика.

Стандардите за оценување на знаењата на учениците може да се преземат тука.
Стандарди 5 одд.
Стандарди 6 одд.

Thursday, October 28, 2010

Нумерирање на страниците

Страниците на документот во Word се нумерираат со наредбата:
Insert - Page Numbers. При тоа ќе ви се отвори следниот прозорец:


Во него во делот Position има две опции: top of page - за поставување на бројот на врвот на страницата и bottom of page - за поставување на бројот на дното на страницата.
Во делот alignment - се одредува Left - лево, center - на средина и right - десно поставување на бројот.
Доколку не сакаме други подесувања овде можеме да кликнеме OK.
Доколку сакаме нумерирањето да започне од број поголем од 1 тогаш кликаме на format. Се отвара прозорец на кој во start at пишуваме од кој број сакаме да започне нумерирањето.

Вештини кои ќе се проверуваат на 4 ноември во 6 одделение

Уредување на пасуси:
  • Просторот пред и по пасусот
  • Проред на пасусот
  • Вовлекување на пасусот
  • вовлекување на првиот ред и на останатите редови
Уредување на новинарски текст
Правила за пишување на текст
Поставување на заглавје и подножје
Внесување на фуснота
Внесување на коментар
Нумерирање на страниците
На крајот секој ученик ќе треба да го сними документот под име кое јас ќе го одредам на папката на мрежа.

Доколку имате нешто нејасно можете да дојдете на консултации во вторник 12.15 и во среда во 12.15 или напишете коментар тука на блогот и јас ќе ви одговорам.

Sunday, October 17, 2010

Повторување за хардвер

Овој документ е изработен во Calc. Учениците треба хардверските делови да ги групираат на соодветното место на работниот лист: влезни единици, централна единица, излезни единици и единици за меморирање. Има и упатство во облик на белешка за тоа како да го снимат документот.
Може да се преземе на овој линк.

Периферни уреди

Наставно ливче кое може да се користи при изучувањето на периферните уреди. Ученикот треба да ја пополни табелата соодветно со наведените периферни уреди.
Наставното ливче може да се преземе тука.

Единици за меморирање на податоците

Tuesday, October 12, 2010

Знамиња

Овие слики искористете ги како помошно средство при изработката на вашиот проект од Подрачјето: Проекти со програма за цртање. Искористете го упатството дадено од наставникот.


Monday, September 13, 2010

Час: Кратка историја на компјутерите. Компјутерите некогаш и сега



Денес учевме за историскиот развој на компјутерите. Најпрво разговаравме со учениците за првите помагала за пресметување - камчиња, дрвца и абакусот.
Потоа на учениците им ги презентирав механичките машини за пресметување - Паскалина, електромеханичките - Машината изработена за обработка на податоците од пописот во Америка, и првите електронски уреди за пресметување - првите компјутери.

Потоа учениците се запознаа со генерациите на компјутери и карактеристиките на компјутерите за секоја генерација. Преку слики учениците воодушевено ги совладуваа новите содржини кои се покажаа како мошне интересни за нив.
На вториот час имавме активност - илустрација на секоја компјутерска генерација. Учениците ги поделив во 4 групи и секоја група имаше задача да илустрира по една генерација на компјутери. При тоа на хамер требаше да стават слика од основниот градбен елемент на компјутерите од соодветната генерација, слика од компјутер и да ги наведат основните карактеристики на компјутерите од таа генерација. Сликите веќе ми беа подготвени и отпечатени.
Најпрво учениците требаше да ги групираат сликите според тоа од која генерација на компјутери ги претставуваат. Целта ми беше преку визуелизација да ги совладаат содржините водена од фактот што некои деца подобро учат преку фотографии. Потоа учениците сликите ги ставија на хамерите и ги пополнија со се што се бараше од нив.

На крајот хамерите ги залепивме на таблата еден до друг. Така учениците имаа можност да ги споредат компјутерите од различните генерации и да видат како се развивал компјутерот се до денес.

Sunday, September 12, 2010

Историски развој на компјутерите

Прв електронски компјутер бил компјутерот од 1946 година, конструиран на Унервезитетот во Пенсилванија, познат под името ENIAC (Electronic Numeral Integrator and Calculator) - електронски нумерички интегратор и клакулатор. Во него конструкторите Џон Мокли и Преспер Екерт вградиле 18000 електронски ламби. EINAC бил огромна машина што зафаќала околу 150 кладратни метри површина и тежел 30 тони.
Со EINAC започнува Првата Генерација компјутери која траела до 1959 година. Голем недостаток на компјутерите бил загревањето на електронските ламби. Тоа барало дополнители уреди за ладење. Брзината на тие комјутери била мала имале и мала меморија, а за паметење на податоците се користела дупчена хартиена картичка.

- Периодот од 1959 со 1964 година е познат како втора генерација компјутери. Компјутерите од оваа генерација се изградени врз база на транзистор. Тоа е електронски елемент што може да ја извршува истата функција како електронската ламба, само што е многу помал, троши помала енергија и помалку се загрева, а е многу побрз од неа. Оттаму и произлегуваат карактеристиките на компјутерите: имале мали димензии, поголема брзина на пресметување, а за памтење на податоците се користела магнена лента.
Пронајдокот на интегралните кола довел до појава на трета генерација компјутери, која што траела од 1964 до 1969 година. Интегралното коло содржи еквивалент од неколку стотини транзистори на минијаурно парче материјал. Тоа придонесело димензиите на овие компјутери многу да се намалат и затоа ги нарекле мини компјутери, Нивата брзина се зголемила, цената им отпаднала и примената се проширила во многу области од човековата дејност.
Во седумдесеттите години се јавува мал тенок слој силициум т.н чип, на кој може да се „отпечати“ комплетно интегрално коло. Појавата на чипот ќе доведе до Четвртата генерација компјутери.

-
Четвртата генерација компјутери започнала во 1970 година. Во 1975 година е направен првиот персонален компјутер. Затоа оваа генерација е наречена и генерација на персонални компјутери (од анг. Personal Computer - PC). Името го добиле бидејќи се наменети за работа на едно лице.
Поради малите димензии, големите можности, масовното произведување и ниските цени, употребата на персонални доживува невидени размери. Со нив може да се комуницира со кој било компјутер во светот, преку посебни компјутерски мрежи.
- Денеска се користат и компјутери од т.н Петта генерација на компјутери, кои имаат способност за паралелна работа.
- Исто така се развива и Шесттата генерација компјутери т.н невронски компјутери, чија работа е слична со работата на невроните во човечкиот мозок.

Monday, March 22, 2010

Пеперутки

ivana nikolovska 5g
Ивана Николовска 5г


ilija tashev 5g

Илија Ташев 5г

petar mecev 5g
Петар Мечев 5г
Viktor Vase 5g

Виктор Најдов и Чутров Васе 5г

Blaze Ilov 5g
Блаже Илов 5г
nikola ruckomanov kire pavlov
Никола Ручкоманов и Кирил Павлов 5б
Stefan R Ile M Kiril R
Стефан Ристовски
simona i kika 5b
Симонаљ Јованова и Кристина Тодорова 5б

Thursday, March 18, 2010

Цртање во Paint

5 одделение започнавме со изучување на содржините од компјутерска графика. Еве што покажаа учениците.





















Стефан Ристовски, Илија Мицев и Кирил Ристов



Tuesday, January 19, 2010

Компјутерски мрежи. Видови компјутерски мрежи

20,21.01.2010 5 одделение
План за работа:
- Поим за компјутерска мрежа;
- Што е локална мрежа;
- Клиент - сервер модел;
- Што е глобална мрежа;
- Придобивки од поврзувањето во мрежа;
- Како се работи со мрежата во компјутерскатаучилница;

Презентација Компјутерски мрежи.

Saturday, December 26, 2009

Анимирано филмче

Нашата ученичка Соња Лазова, која покажувапосебен интерес и талент за креирање на анимирани видеа го изработи ова кратко филмче.